Барези ќе го менува Малдини во Милан?

Раководството на Милан го навлече бесот на навивачите по одлуката да се раздели од Паоло Малдини, клупската легенда која и како директор оствари извонредни резултати со „росонерите“. Заминувањето на Малдини значеше сериозен удар и на пазарот, откако беше продаден Тонали, а актуелната управа не успеа да ги комплетира трансферите на Турам и на Фратези, две желби на Милан кои на крајот завршија кај градскиот ривал Интер.

Челниците се свесни дека им недостига фудбалско реноме и планираат да доведат ново лице во директорската фотелја, а според најавите од Италија тоа ќе биде поранешниот дефанзивец Франко Барези.

Директорот Витиело најавил „добра вест на овој план во најскоро време“, а медиумите обелоденуваат дека е постигнат договор Барези да го наследи Малдини на директорската функција.

Барези моментно е член на управата, но како почесен претседател на Милан, а поранешниот италијански репрезентативец искажал подготвеност да го прифати предизвикот како прв оперативец. Останува да се види дали тој ќе има успех како Малдини, кој со лимитиран буџет пред две години успеа состави силен тим што стигна до шампионското скудето.

Се вчитува...