Баркли го избра Челси пред Тотенхем

Актуелниот англиски првак Челси победи во трката со Тотенхем за потписот на играчот за врска на Евертон, Рос Баркли. Цената на трансферот е 15 милиони фунти, Англискиот репрезентативец ги договорил условите со клубот од Лондон, а според информациите Баркли ги поминa медицинските прегледи и до крајот на денот треба да ја официјализира преселбата на „Стемфорд бриџ“.

„Сините“ ги обновија преговорите со фудбалерот на Евертон, откако одби да се пресели во нивните редови во последниот ден од летниот преоден рок. Тотенхем исто така по втор пат се обиде да се засили со него, но Англичанецот преферира да игра под водство на Конте. 24-годишниот играч за врска веќе долго време посакуваше да го напушти „Гудисон парк“, но раководството на „карамелите“ во неколку наврати одби многу поголеми суми од договорената со Челси.

За клубот од Мерсисајд Баркли одигра 179 натпревари по неговото деби во 2011 година, а зад себе запиша 27 погодоци и 28 асистенции.

Се вчитува...