Договорениот трансфер на Бредли Баркола од ПСЖ предизвика еуфорија кај речиси сите во таборот на Ливерпул, со исклучок на Коди Гакпо. Холандскиот напаѓач е стартно лево крило на „црвените“ од ланската сезона, а тренерот Ираола веќе најави дека Баркола го гледа токму на левата страна од нападот, па јасно е дека доаѓањето на Французинот ќе се одрази врз иднината на Коди на „Енфилд“.
Згора на тоа, „црвените“ најавуваат ангажман на уште еден крилен фудбалер до крајот на преодниот рок, јасен знак за зголемување на конкуренцијата, но и порака до Холанѓанецот дека треба да почне да се пакува.
Гакпо повеќе од еден месец е поврзуван со трансфер во Тотенхем, минатата седмица во трката се вклучи и Манчестер Сити, а цената што Ливерпул ја бара за својот првотимец изнесува 70 милиони фунти. „Црвените“ секогаш инсистираа најпрвин да обезбедат адекватна замена пред да дадат зелено светло за Гакпо да си замине, а сега кога Баркола е практично договорен не постои пречка за Холанѓанецот да ги смени клупските бои.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
