Баркола многу побрзо ќе се адаптира од Вирц во Ливерпул

Поранешниот фудбалер на Ливерпул, Џермејн Пенант, смета дека најскапото засилување за „црвените“ ова лето, Бредли Баркола, многу побрзо ќе се вклопи во системот на англискиот тим од минатогодинешното засилување Флоријан Вирц.

Баркола ова лето за сума од 123 милиони фунти потпиша за Ливерпул, станувајќи втор најскап фудбалер во историјата на премиерлигашот по Александер Исак.

Дебито во дресот на Ливерпул, Баркола го имаше минатиот викенд во победата од 2:0 над Ипсвич во рамки на Премиер лигата, а во средата ги одигра и првите минути во црвениот дрес и во Лигата на шампионите.

Беше дел од првиот во мечот против Атлетико Мадрид (2:1), беше заменет во 60-та минута и веднаш покажа зошто Ливерпул плати 123 милиони фунти прикажувајќи одлична игра.

„Ниту една лига во Европа не може да се мери со конкурентноста во Премиер лигата. Сепак, ако се погледне играта на Баркола, таа како да е создадена токму за Премиер лигата. Тој е брз и силен за својата градба, а со такви квалитети во Премиер лигата можеш да постигнеш навистина многу. Мислам дека побрзо ќе се вклопи во системот на Ливепрул од Флоријан Вирц бидејќи Германецот игра на позиција каде конкурентите ги имаат едни од најдобрите играчи на светот. На крилните позиции е малку полесно, а Баркола со својата брзина, сила и квалитети, одлично ќе се вклопи во играта на Ливерпул, смета Пенант.

Се вчитува...