Крилниот фудбалер на ПСЖ и на француската репрезентација, Бредли Баркола нема да го продолжи договорот со ПСЖ. Оваа одлука е конечна, со што фудбалерот е подготвен за нов предизвик во кариерата.
Баркола би можел да се пресели во Ливерпул уште оваа сезона. „Црвените“ бараат замена за Мохамед Салах, а во игра влегува и името на Французинот.
Актуелниот договор на францускиот репрезентативец со европскиот првак е до 2028 година, и според информациите, за Ливерпул тој е приоритет број 1 за ангажман ова лето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
