Барнли ги скроти „волците“ и го стигна Арсенал на табелата

Барнли славеше над Вулверхемптон со 2-1, стигнувајќи до три бода со кои ова екипа успеа да побегне од зоната за испаѓање на премиерлигашката табела. „Волците“ играат далеку под својот потенцијал по повредата на главниот напаѓач Раул Хименез, а одличниот дефанзивен тим на Барнли знаеше како да го искористи тоа и да стигне до значајни три бода.

Барнс го отвори резултатот во 35. минута, прв погодок на овој фудбалер по пауза од повеќе од една година, а на 2-0 зголеми Вуд по една мешаница во шеснаесетникот на „волците“. Се што успеаја гостите да сторат на овој меч беше утешниот гол од пенал на Силва во 89. минута.

Барнли со овој триумф се искачи на 16. место на табелата, со само еден бод заостанување, но и натпревар помалку во однос на Арсенал, кој се наоѓа во огромна резултатска криза.

Се вчитува...