Барнли и Шалке се договорија: Чурлинов на лекарски прегледи во Гелзенкирхен

Дарко Чурлинов во следните часови треба да отпатува во Гелзенкирхен на медицински прегледи и потпис со Шалке, со што ќе го комплетира „кам-бекот“ во оваа екипа. Ваквиот развој на настаните го најави ЕКИПА пред неколку дена.

Барнли и Шалке ги договориле деталите. Англискиот тим ќе го пушти Македонецот како позајмен до крајот на сезоната, со можност да биде откупен за 3,5 милиони евра. Откупот не е задолжителен, туку доколку германскиот тим сака да го откупи.

Чурлинов сезонава не одигра ниту еден меч за Барнли во Премиерлигата, откако не беше регистриран за овој тим. Затоа и бара нова средина, а враќањето во Шалке е веќе извесно и треба да се случи во следните часови.

Тимот од Гелзенкирхен сезонава има проблем со формата. Далеку е Шалке од промоција во елитната Бундеслига, и се наоѓа на долниот дел на табелата. Чурлинов настапуваше во оваа екипа во сезоната 2021/2022 кога успеа да обезбеди промоција во Бундеслигата, но потоа следуваше трансфер во Англија. Претходно беше дел од Штутгарт и Келн.

Се вчитува...