Барнли му застана на патот на победничкиот поход на Тотенхем

Запрена е победничката серија на Тотенхем на четири последовни натпревари. Барнли застана на патот на тимот на Маурисио Покетино триумфирајќи со 2-1 на домашен терен во првиот денешен дуел од 27. премиерлигашко коло.

Повратникот кај Тотенхем, репрезентативната ѕвезда, Хари Кејн, во 65 минута беше стрелец на едниствениот гол за лондонскиот тим со кој донесе израмнување откако, Барнли, осум минути претходно поведе преку Крис Вуд. Во финишот од дуелот, Ешли Барнс го постигна погодокот за триумф на домашниот состав.

За Тотенхем ова е само седми сезонски пораз, по кој со 60 бода секако останува на третата позиција на табелата. Барнли пак освои три значајни бода во трката за опстанок во англиската елита, сега има вкупно 30 и се проби на 13. место. Барнли врзува серија од осум натпревари по ред без пораз.

Се вчитува...