Барнли не го пријави Дарко Чурлинов за настап во Премиерлигата

Екипата на Барнли за која настапува македонскиот интернационалец Дарко Чурлинов, го достави списокот на 25 играчи за настап во Премиерлигата. Овој список е доставен по завршувањето на преодниот рок во Англија, но Македонецот не е пријавен за настап, и тој до крајот на есенскиот дел нема да може да игра мечеви во најсилното првенство.

Чурлинов не се најде на списокот на тренерот Висент Компани, а во моментов се опоравува од сепсата која ја доби на крајот на мај, по што веднаш беше хоспитализиран во болница во Белград.

Тој не беше на последните четири репрезентативни собири токму поради сепса, а засега не е познато кога може да се очекува да се врати на теренот. Летово се шпекулираше на негов „кам-бек“ во Шалке, меѓутоа на крајот остана дел од Барнли.

Се вчитува...