Барса 25 години не стартувала вака лошо – Куман бил подобар и со Саутемптон

Поразот од Атлетико Мадрид уште повеќе ја продлабочи кризата во редовите на Барселона, каталонскиот гигант по првите осум кола има освоено само 11 бода, што е најслаб старт на Барса во Ла Лига во последните 25 години. Каталонците стартувале катастрофално и во 2002 и во 2003 година, кога имаа по 12 бода на своето салдо, но овој почеток на Роналд Куман ги надминува дури и тие очајни резултати.

Имавме две чисти шанси за израмнување. Тоа можеби не е многу за вас, но против ваков ривал е тешко да создадете шанса за гол. Тие го постигна својот погодок по наша грешка, ја имавме топката кај себе, беше 0-0 и требаше да е полувреме, и потоа за неколку секунди се најде во нашата мрежа. Тоа не смееше да се случи“, изјави Куман во средбата.

Бројките велат дека овој старт на холандскиот стратег е далеку послаб и од оној кога Куман седеше на клупата на Саутемптон, а во првите осум премиерлигашки кола успеа да освои 16 бода. Следната сезона замина во Евертон, таму имаше 15 бода по првите осум рунди, па јасно е зошто овие 11 бода на Барса се толку разочарувачки.

Повеќе од јасно е дека Куман нема да преживее на клупата на Барселона по претседателските избори бидејќи секој кандидат има свој фаворит за тренер, но проблем е што тие ќе се одржат за два месеца, a во меѓувреме кризата се повеќе се продлабочува.

Се вчитува...