Барса бара нова „деветка“, две опции отпаднаа, Куман јасно знае што сака

Барселона е во потрага по нов голгетер откако Луис Суарез вчера и официјално потпиша договор со Атлетико Мадрид, ставајќи крај на својата долгогодишна авантура на „Камп Ноу“. На каталонците им е јасно дека нема да можат да дотуркаат далеку со Гризман како единствен класичен напаѓач, па во следните десетина дена ќе мора да биде доведен нов голгетер.

Весникот „Ел Мундо Депортиво“ повикувајќи се на извори од управата објави дека Барса веќе одбила двајца искусни напаѓачи кои и биле понудени, Един Џеко и Единсон Кавани. Рома се обидува да го продаде капитенот за да спречи тој следното лето да си замине без отштета, Кавани е без клуб по заминувањето од ПСЖ, но и со двајцата воопшто не беа стартувани официјални преговори бидејќи тренерот Куман инсистира само на една опција – Мемфис Депај.

Холанѓанецот има само уште една година од договорот со Лион, што го прави достапен за отштета од околу 25 милиони евра. Оваа сума не е проблем за Барселона, за Бартомеу конечно да му исполни желба на тренерот што го доведе за предводник за наредната сезона. Обидот да се доведе Лаутаро Мартинез заврши со неуспех, Нејмар веќе и не се споменува како опција, па Депај е најблиску до „Камп Ноу“ во моментов. Само што, големи се дилемите како тој би се снашол крај незадоволниот Меси, крај кого не се изнаиграа Кутињо, Гризман, Дембеле…

Се вчитува...