Барса без одговор за Ларкин, Олимпијакос ја освои Подгорица

Анадолу Ефес неочекувано лесно и убедливо ја совлада Барселона со 92-70, прекинувајќи ја серијата од четири победи на каталонскиот гигант во Евролигата. Ова беше директен дуел на два тима кои атакуваат на четвртото место на табелата, но Ефес уште во првата четвртина го скрши отпорот на каталонците, постигнувајќи двојно повеќе поени од гостинскиот тим (24-12). Сите обиди на гостинскиот состав за камбек беа неуспешни бидејќи Ефес во своите редови го имаше феноменалниот Шејн Ларкин, кој го заврши натпреварот со 37 поени. Моерман оствари дабл-дабл од 22 поени и 11 скокови, додека прв стрелец на Барселона при вечерашниот пораз беше Ханга со 14 поени.

ЦСКА Москва се приближи на само една победа до водечкиот Фенербахче откако вечерва славеше над Милано со 101-95. Центарот Отело Хантер одигра извонреден натпревар со 19 постигнати поени, еден повќе од Кори Хигинс.

Олимпијакос се задржува во зоната која значи пласман во четвртфиналето откако грчкиот гигант славеше на гостувањето против Будуќност со убедливи 76-89. Сите дилеми околу победникот во Подгорица исчезнаа во првото полувреме што Грците го добија со 34-51, потоа рутински задржувајќи ја предноста до самиот крај.

Принтезис со 19 поени беше најдобар поединец во таборот на Олимпијакос, додека центарот Милутинов оствари дабл-дабл од 15 поени и 12 скокови.

Се вчитува...