Барселона беше декласирана во двомечот со Реал Мадрид, а уште поголем проблем за тренерот Валверде претставуваат повредите на двајца стандардни првотимци. Луис Суарез се пожали на болки во коленото уште во финишот од средбата, но мораше да остане на теренот бидејќи Валверде веќе ги имаше извршено трите замени. Дефанзивецот Жерар Пике има проблеми со мускулот на левата нога, па и него го очекува пауза од фудбалските терени.
Подетални информации околу должината на паузата на двајцата првотимци ќе бидат познати во следните 24 часа, но сигурно е дека тие нема да можат да бидат „фит“ за стартот на новата сезона и премиерниот дуел со Бетис закажан за недела на „Камп ноу“.
Каталонците се обидуваат што поскоро да ги финишираат преговорите за Кутињо и за Дембеле, но нема никакви шанси трансферот на Бразилецот да се финишира до крајот на оваа седмица. Што се однесува до Дембеле, тој е подготвен за потпис во следните 24 часа, со што би бил достапен за настап против Бетис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА