Барса два месеци без уште еден првотимец

Роналд Куман не може да поверува какви малери го следат неговиот тим кога станува збор за повредите. Синоќешното дерби со Атлетико Мадрид значеше повреда на коленото и пауза од два месеци за Жерар Пике, а според последните информации Куман подолго време нема да може да смета на уште еден стандарден првотимец.

Станува збор за Серхио Роберто, кој се повреди буквално во последната минута од дербито во Мадрид, и тоа при шут кон противничкиот гол. Неговиот обид заврши сантиметри крај голот на Облак, а за мизеријата да биде комплетна Роберто при напорот заработил значителна повреда. Денешните прегледи покажаа дека станува збор за кинење на мускулот, при што препорачаната пауза за Роберто ќе изнесува два месеци.

Само за потсетување, непосредно пред репрезентативната пауза тешка повреда заработи и Ансу Фати, кој најмалку четири месеци нема да може да биде во тимот на Барселона.

Се вчитува...