Барса е „банда без команда“, но Куман не си оди само поради една причина

Барса се наоѓа во катастрофална форма, а поразот од Кадиз само ги продлабочи проблемите за кои се чини дека никој нема решение. Куман се наоѓа во слична ситуација како Ван Гал во 2002/2003, но кога холандскиот стратег победуваше во ЛШ, но бележеше катастрофални резултати на домашното првенство и на крајот беше сменет.

Гостувањата се најголема „болка“ на каталонците, на последните четири меча надвор од Барселона тимот на Куман постигна само два погодоци, од кои оној синоќешниот беше автогол на еден од дефанзивците на Кадиз. Во секоја друга ситуација Роналд Куман досега би добил отказ, но овојпат состојбата во клубот е специфична. Се подготвуваат претседателски избори, клубот дотогаш кубури со сериозни финансиски проблеми и нема буџет ниту да го исплати договор на Куман, ниту пак да преговара со нов посериозен тренер (нешто што сигурно ќе биде прв потег на новиот претседател).

Јасно е дека Куман не е единствениот проблем на Барса – оној најголемиот се вика Лионел Меси. Аргентинецот дефинитино е исфрустриран што не му беше дозволено да си замине минатото лето, што резултира со негова незаинтересираност во голем дел од натпреварите. Бројките најдобро говорат за тоа, Меси ја загуби топката дури 29 пати во Кадиз, негов рекорд на еден натпревар. Од седумте овосезонски погодоци, пет постигна од пенал, повеќе од очигледно е дека се подготвува за трансфер а веќе во јануари ќе може да преговара со клубовите за да потпише преддоговор со некој европски гигант.

 

Се вчитува...