Барса е на „плус осум“, но Чави порачува: Реал се уште е главен фаворит за титулата

Барселона со големата победа од 3-0 над Севилја си создаде предност од огромни осум бода во однос на Реал Мадрид во трката за титулата. Сепак, тренерот Чави не дозволува еуфорија, ниту пак притисок врз неговиот тим, па во изјавата по мечот на „Камп Ноу“ порача дека неговиот тим и покрај големата предност се уште не е главен фаворит за шампионскиот трофеј.

Тој потсети дека Реал Мадрид е исклучително силен тим што е актуелен првак на Шпанија и на Европа што никако не смее да биде потценет.

„Предноста е убава за око, но јас се уште не гледам на нас како на фаворити за титулата. Видете го Реал Мадрид, шампион на Ла Лига, шампионот во Лигата на Шампионите, тим што никогаш не се откажува и што низ историјата има бројни големи враќања во ваквите трки за трофеи. Ние се наоѓаме во привилегирана позиција, но тоа не значи ништо, мораме да останеме скромни, да продолжиме напорно да работиме и да ги оствариме резултатите што ги посакуваме“, изјави Чави.

Се вчитува...