Барса е вистинска комедија: Депај има отштетна клаузула од 500 милиони, а догодина може да си оди од клубот?!

Холандската ѕвезда Мемфис Депај дојде летово како големо засилување во Барселона и тоа бесплатно откако му заврши договорот со Лион, но комедијата во Каталонија никако да заврши, откако беше објавена нелогичност во двегодишната соработка со офанзивецот.

Депај со Барса потпиша договор до 2023 година, но нема клаузула за дополнителна една година продолжување на договорот, а иако има само 24-месечен договор, отштетната клаузула му е неверојатни пола милијарда евра.

Смешката е што после оваа сезона, Барселона ќе реши дали ќе го задржува дополнително, па практично Мемфис како да е на проба, а идното лето може и да си замине ако така посака и Барселона би била принудена да го продаде.

Ако ништо друго во таква ситуација, каталонците и би заработиле од него, посебно откако го донесоа бесплатно, но на навивачите им се крева косата на глава од ужасната клупска политика, која е проблематична најмногу и поради големиот долг натоварен најмногу и поражи лошата трансфер-политика и залудно фрлените милиони на низа засилувања од Фелипе Кутињо, Осман Дембеле, Ентоан Гризман на кого загубија 80-на милиони евра.

Се вчитува...