Барса ги претстави двете големи засилувања

Барселона денеска и официјално ги претстави двете најголеми засилувања за наредната сезона, голманот Сергеј Хернандез и исландскиот бек Јанус Смарасон.

Двајцата ракометари потпишаа договори до јуни 2029 година и се очекува да дадат дополнителен квалитет на тимот што е актуелен европски првак и ќе треба да ги надополнат заминувањата на Емил Нилсен и на Домен Макуц. Хернандез и Смарасон веќе настапија за Барса во победата од каталонскиот супер-куп над Гранољерс, но клубот сепак се реши нивната промоција да ја закаже по официјалното деби.

Хернандез е актуелен шпански репрезентативец кој пристигнува од редовите на Магдебург. Тој беше член на германскиот гигант од 2023 година, а претходно настапуваше и за Бенфика, Ла Риоха, Анаитасуна…

„Се надевам дека ќе му помогнам на тимот да ги оствари завртаните цели и дека ќе освојам многу трофеи. Верувам дека ќе бидеме одличен голмански тандем заедно со Исланѓанецот Халгримсон“, истакна Алварез.

Смарасон е искусен бек кој пристигнува од редовите на Пик Сегед, а претходно ги има брането и боите на Гепинген, Колстад, Магдебург…

„Мои главни квалитети се играњето со срце и страст. Ќе дадам се за Барселона, среќен сум што сум овде, привилегија е да се биде член овој ракометен колектив“, порача новиот исландски интернационалец во дресот на Барса.

Се вчитува...