Барса го договори Вестерман, но сега проблем е Ертел

Барселона го договори доаѓањето на Лео Вестерман од Фенербахче, но трансферот привремено е стопиран поради компликациите во заминувањето на Томас Ертел од каталонскиот гигант.

Барселона и Фенербахче неколку дена водеа интензивни преговори за размена на плејмејкерите, со што Барса би добила дисциплиниран играч како Вестерман на кој инсистираше тренерот Јасикевичиус, а Фенер би добил беспрекорен разигрувач од калиброт на Ертел.

И кога конечно беа договорени сите детали, Ертел преку своите агенти ги известил двата клуба дека воопшто не е заинтересиран за преселба во Фeнер, туку негова желба е трансфер во Реал Мадрид. „Кралевите“ сакаат да го доведат токму францускиот репрезентативец како замена за Кампацо, но Барса не сака ни да чуе за продажба на својот ас на директниот ривал на шпанската сцена.

Останува да се сочека разврската од целокупната ситуација, но на Јасикевичиус му е ставено до знаење дека не може да го добие Вестерман додека не се ослободи од Ертел, па и на каталонскиот гигант ќе му се брза за оваа сага што поскоро да заврши.

Се вчитува...