Барса го понижи Олимпијакос, Фенер го загуби маратонот во Минхен

Кошаркарите на Барселона со извонредна игра во првата четвртина стигна до значајна победа на тешкото гостување против Олимпијакос, совладувајќи го грчкиот гигант со резултат 55-76. Избраниците на тренерот Пешиќ одиграа неверојатни први 10 минути, период во кој го декласираа противникот со 6-27. Олимпијакос успеа во вториот периоод да ја преполови негативата, но Барса возврати во вистински момент и на крајот заслужено славеше со 21 поен разлика.

Синглтон постигна 18, а Ханга 11 поени кај Барселона, додека најефикасни кај Олимпијакос беа Милутинов и Стрелниекс со по 13 поени.

Фенербахче без помошта на Јан Весели не успеа да го освои Минхен, губејќи на гостувањето против Баерн со резултат 90-86, во супердраматичен дуел што беше решен по две продолженија.. Фенер се спаси во регуларниот дел, кога со поените на Слукас на три секунди до крајот го одведе мечот во продолженија. Турскиот првак имаше меч-топка во финишот, кога при „плус два“ на десет секунди до крајот Али промаши тројка, по што Лучиќ беше прецизен од далечина, за водство на Баерн од 80-79. Обрадовиќ зеде тајмаут, а потоа турскиот тим се спаси од работ на амбисот, Калиниќ едвај ја изведе топката пред да истечат петте секунди за уфрлање, а Ловерњ изнуди прекршок под обрачот. Французинот беше еднаш прецизен, па победникот беше решен по нови пет минути игра. Во нив Баерн конечно го скрши отпорот на противникот, славејќи со конечни , нанесувајќи му го на Фенер само третиот евролигашки пораз сезонава.

Јовиќ и Вилијамс беа најефикасни кај Баерн со по 19 поени, а одличен беше и центарот Бартел, кој реализираше 14 поени без промашување (7/7 од поле). Кај Фенербахче најефикасен беше Али со 23 поени.

Химки ја продлабочи кризата на Жалгирис совладувајќи го литванскиот шампион со 74-64. Пресудна беше последната четвртина што Химки ја доби со преубедливи 27-8, правејќи целосен пресврт на патот до победата. Рускиот претставник повторно беше без помошта на повредените Швед и Гил, во чие отсуство најефикасен беше Мики со 20 поени, надополнети со девет скока.

Се вчитува...