Барса го претстави наследникот на Ристовски – Мелер нов голман во „Блауграна“

Данскиот голман Кевин Мелер е новото име на голот на Барселона за следната сезона. Мелер во Барса доаѓа како замена на местото на Борко Ристовски кој по две години поминати во каталонскиот тим, летово се пресели во португалска Бенфика.

„Со нетрпение го очекувам овој нов предизвик бидејќи се приклучувам во најдобриот клуб во светот. Јас сум играч што не сака да губи дури ни на пријателски натпревари. Сакам секогаш да победувам и затоа дојдов во Барса“ – изјави Мелер на денешното официјално претставување во клубот.

Кевин Мелер во претходните четири години беше во составот на Фленсбург. Данскиот голман со Барселона потпиша договор на три години, ќе го носи дресот со број 36 и ќе биде голмански тандем со Гонзало Перез де Варгас.

Се вчитува...