Барса го продаде Семедо во Премиер-лигата, носи нов бек од Ајакс

Барселона конечно успеа да продаде еден од фудбалерите на кои тренерот Куман нема да смета. Не станува збор ниту за Суарез, ниту за Видал, туку за португалскиот репрезентативец Нелсон Семедо, кој кариерата ќе ја продолжи во премиерлигашот Вулверхемптон. „Волците“ повеќе од една седмица преговараа со Бартомеу за овој трансфер, за на крајот да биде договорена вкупната висина да изнесува 40 милиони евра.

Каталонците мораа да продаваат пред да почнат да потпишуваат нови фудбалери, па се очекува веднаш по заминувањето на Семедо да се финализираат преговорите за доведување на нови засилувања на „Камп Ноу“. Како директна замена за Семедо се очекува од Ајакс да биде доведен Дест, играч проценет на 15 милиони евра за чии услуги се интересираше и Баерн Минхен.

Остатокот од парите би требало да биде насочен кон Ливерпул, за финализирање на трансферот на Вајналдум, кој ќе го загуби првотимскиот статус по преселбата на Тијаго Алкантара на „Енфилд Роуд“.

Се вчитува...