Барса и Јуве договараат голема размена: Пјаниќ и Де Шилјо на „Камп Ноу“, Тодибо и Ракитиќ во Торино

Каталонскиот гигант Барселона и италијанскиот првак Јувентус се во напредни преговори за спектакуларна размена на фудбалери во претстојниот летен преоден рок. Тренерот на Барса, Кике Сетиен, има голема желба да го види Миралем Пјаниќ во средниот ред на тимот, а со него во пакет на „Камп Ноу“ треба да долета и Матија Де Шилјо. Со тоа каталонскиот состав ќе добие и класичен десен бек, позиција која беше најмалку покриена изминатите две сезони.

Јувентус сака да ангажира нов централен дефанзивец, а Маурицио Сари го „мерка“ Жан – Клер Тодибо. Вториот фудбалер кој треба да пристигне во Торино е Иван Ракитиќ, иако Хрватот се уште размислува дали да ја прифати понудата на Јувентус или пак да се врати во претходниот клуб во Шшанија, составот на Севилја. Друга опција во размената во маневарот е Артуро Видал.

Се вчитува...