Барса има ново „чудо од дете“: Ламине Јамал на 15 години дебитираше за првата екипа

Барселона го продолжува трендот на давање шанса на млади и перспективни фудбалери, но она што го стори Ламине Јамал не му успеало на никого досега.

Имено, ова 15-годишно момче со настапите за У19 екипата го привлече вниманието на Чави, па вечерва на дуелот со Бетис доби шанса да настапи и за првиот тим на Барселона. Станува збор за суперталентиран играч чиј татко е Мароканец, а мајката е од Екваторијална Гвинеа, но Јамал како „дете на Барса“ веќе ги има брането боите на Шпанија во најмладите возрасни категории. Тој со настапот вечерва стана најмладиот дебитант во историјата на Барселона, прв што на 15 години настапил на еден официјален меч за каталонскиот гигант.

Јамал веднаш покажа дека е голем талент, за помалку од десет минути игра влезе во стопроцентна шанса што за жал не успеа да реализира, а потоа имаше и едно маестрално додавање во стилот на Меси, преку целата одбрана до Дембеле, што францускиот ас не успеа да го претвори во погодок.

Чави најави дека и во иднина ќе му дава шанса на овој нов „бисер“ на школата на каталонскиот гигант, а ако се суди според дебито, Јамала дефинитивно ќе има што да покаже во дресот на Барселона.

Се вчитува...