Барса ја доби битката со Баерн – Дест доаѓа на „Камп Ноу“

Барселона успеа да го победи Баерн Минхен во трката по Сержињо Дест, договарајќи го трансферот на американскиот дефанзивец од редовите на Ајакс. Станува збор за десен бек за кој сериозен интерес покажаа двата европски гиганти, а Ајакс ја искористи ситуацијата за да осигура што подобра цена за десниот бек.

На крајот, пресудна беше понудата на Барселона во висина од 20 милиони евра, плус дополнителни три милиони евра преку неколку клаузули. Каталонците веќе го продадоа Семедо во Вулверхемптон и не сакаа да си дозволат да останат само со Роберто како десен бек, па му понудија и подобри лични услови на самиот фудбалер, кој во текот на утрешниот ден би требало да ги мине лекарските прегледи и да потпише договор со Барса со важност до 2025 година.

Каталонскиот гигант вечерва во 21 часот го игра својот премиерен натпревар од новата сезона, на домашен терен против Вилјареал.

Се вчитува...