Барселона ја одреди цената за Иван Ракитиќ, отворајќи ја вратата за заминување на хрватскиот ас од „Камп ноу“. Каталонците долго време тврдеа дека одличниот играч за врска не е за продажба, но откако беше договорен трансферот на Де Јонг стана јасно дека Ракитиќ би можел да си замине.
Каталонскиот весник „Ел Мундо Депортиво“, кој важи за многу близок до управата на Барселона, обелодени дека шпанскиот првак е подготвен за разделба од Ракитиќ доколку за возврат добие 50 милиони евра. Валвере има високо мислење за Хрватот, но факт е дека тој неодамна наполни 31 година и ова е последна можност добро да се наплати неговиот трансфер. Згора на тоа, конкуренцијата за место во тимот ќе биде дополнително засилена со ангажманот на Де Јонг, па Барса е отворена за преговори за заминување на Ракитиќ.
Интер е клубот што покажува најсериозен интерес за хрватскиот репрезентативец, но „нероаѕурите“ сигурно ќе имаат и конкуренција, ако се знае дека ПСЖ и Манчестер Јунајтед исто така се во потрага по засилувања за средниот ред, а сумата од 50 милиони евра не е никаков проблем за овие два европски гиганти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА