Барса ќе ја плати најбизарната казна поради Меси

Леонел Меси погодокот на натпреварот против Осасуна го посвети на неговиот сонародник, Диего Марадона, a истото клубот ќе го чини најбизарна казна.

Аргентинецот доби жолт картон, не затоа што го соблече дресот, туку дека под него имаше дрес од други бои, оној на Њуелс, односно некогашниот дрес на Марадона. Ова е не правило на шпанската федерација, туку воопшто на УЕФА, а истото ќе го чини каталонскиот клуб 3 илјади евра.

Барселона нема веднаш да ја плати казната, овие прекршоци се собираат и се исплаќаат на федерацијата на крајот на годината, а парите се распределуваат на аматерски клубови за развој на фудбалот. Сепак и жолтиот картон на Меси, може да донесе и некое добро.

Се вчитува...