Барса конечно ќе нападне со првата ѕвезда, познато кога ќе дебитира Агуеро

Серхио Агуеро наскоро се очекува да се врати на зелениот терен, а на тој начин Аргентинецот ќе има шанса и да дебитира за првиот состав на Барселона. Последните информации велат дека Агуеро добро се опоравува од повредата, па веднаш по репрезентативната пауза ќе настапи во Примера.

Агуеро ќе пропушти уште два натпревари, в среда против Бенфика и дербито со Атлетико Мадрид закажано за сабота, а после тоа се очекува да игра против тимот на Валенсија, натпревар кој е на програмата на 17 октомври во 21 часот.

За потсетување, Агуеро пристигна летово како слободен играч откако му истече договорот со Манчестер Сити, по што одлучи новите предизвици да ги побара во Шпанија.

Се вчитува...