Барса „крпи крај со крај“, а нивниот нов играч се појави со автомобил од 400 илјади евра

Во последните минути од преодниот рок, Барселона успеа во своите редови да го донесе Пјер-Емерик Обамејанг. Габонецот се реши да си замине од Арсенал откако не играше минатите два месеци поради кршење на клупската дисциплина. На крајот успеа спогодбено да раскине со „топчиите“ и да стане нов член на Барселона.

Обамејанг во Барселона ќе заработува многу помалку од она што го имаше во Арсенал. Барселона, едноставно, во моментов е во финансиска криза, и едвај „крпи крај со крај“, но тоа не беше проблем за Обамејанг да се појави на тренинг со автомобил вреден 400.000 евра.

Јасно е дека Обамејанг е љубител на скапи автомобили, а тоа го докажа и во Барселона. Тој се најде во центарот на вниманието затоа што на вчерашниот тренинг на Барса дојде до Ферари 488 ГТБ, кој чини 400 илјади евра.

Се вчитува...