Барса лесно ја совлада Селта во сенка на тешката повреда на Араухо (ВИДЕО)

Барселона вечерва оствари триумф над Селта од 3-1 на „Ноу Камп“ во 36. коло од шпанската Ла Лига. Победникот, се чини беше решен во првиот дел кога „Каталонците“ постигнаа два гола, а на стартиот од вториот дел и трет погодок. Селта само успеа да го ублажи поразот.

Депај во 30. минута донесе водство по асистенција на Дембеле, а потоа Обамејанг во 41. минута зголеми на 2-0.

Истиот играч со втора асистенција на Дембеле донесе 3-0 во 48. минута, а Аспас во 50. минута само намали. Дека Барса ќе нема проблеми околу победата беше јасно во 58. минута кога Мурило доби директен црвен картон.

Во 68. минута немили сцени на „Ноу Камп“ откако Араухо падна во бессознание по ударот со глава со Гави, па мораше да биде пренесен во болница. Поради тој прекин, натпреварот беше продолжен за 11 минути.

Се вчитува...