Барса може да здивне – Меси ќе игра на „Ел Класико“

Лионел Меси ќе биде во комбинација за настап на утрешното „Ел Класико“ против Реал Мадрид во полуфиналето од Копа дел реј, откако аргентинскиот ас се појави на вечерашниот тренинг на каталонскиот гигант.

Меси немаше тренирано по дуелот со Валенсија на кој постигна два гола, но потоа и заработи повреда при еден удар во мускулот. Тренерот Валверде најави дека одлуката за настапот на својот најдобар фудбалер ќе ја донесе по денешниот тренинг, но со самото појавување на Меси е јасно дека повредата не е премногу сериозна, а капитенот на Барса ќе може да настапи на утрешниот дуел на „Камп ноу“.

Добра вест за Барселона е што на денешниот тренинг се појави и Дембеле, кој по повеќенеделната пауза од терените најверојатно ќе го стартува утрешното „Ел Класико“ од клупата за резерви.

Се вчитува...