Барса на „мартовски шопинг“ во Русија, доаѓа нов лев бек

ФИФА даде специјална дозвола за клубовите ширум Европа да ги ангажираат фудбалерите кои досега настапуваа за руските клубови, а Барселона планира максимално да ја искористи укажаната можност.

Тренерот Чави веќе дал „амин“, а управата на Барса почнала преговори за ангажман на Даглас Сантош, бразилскиот интернационалец кој настапува за тимот на Зенит. Станува збор за играч кој е офанзивен лев бек и по стилот на игра брзо би можел да се вклопи во тактичките замисли на Чави.

Жорди Алба долги години е незаменлив во таборот на Барса, но каталонците веќе почнаа со потрагата по долгорочен наследник на шпанскиот репрезентативец. Откако Сантош доби зелено светло од ФИФА за заминување од Санкт Петербург, големи се шансите тој да се пресели на „Камп Ноу“.

Се вчитува...