Барса не греши: Убедлива победа со Севилја за +8 бода пред Реал (ВИДЕО)

Барселона не ја пропушти можноста, по киксот на Реал Мадрид и поразот од Мајорка, да се издвои на плус осум бода на врвот од Ла Лига пред најголемиот конкурент за титулата.

Во 20. коло од шампионатот, Барса убедливо со 3-0 славеше против Севилја, во натпревар во кој отпорот на противникот го скрши во второто полувреме.

Алба во 58. минута донесе предност од 1-0, за да Гави во 70. минута зголеми на 2-0. Конечните 3-0 ги постави Рафиња во 79. минута од средбата.

Се вчитува...