Барса не запира, „шест од шест“ во Примера

Барселона продолжува со сигурни игри на стартот од новата сезона во Примера дивизион, откако во шестото коло каталонскиот гигант ја забележа шестата победа, овојпат на гостувањето против Џирона со 0-3.

Избраниците на Валверде повторно го употребија истиот рецепт, не одиграа којзнае колку атрактивно, но сепак одлично си ги користеа шансите и на крајот стигнаа до убедлив триумф. Додуша, имаа и помош од домашните играчи, со оглед на фактот дека првите два погодоци беа автоголови, за 0-1 мрежата си ја затресе Бенитез по шутот на Алба, а на 0-2 зголеми голманот Кепа со несмасна интервенција по акцијата на Алеиш Видал. Конечните 0-3 во второто полувреме ги постави Луис Суарез.

Барса во следната рунда од Примера ќе го пречека Лас Палмас, идеална можност за продолжување на победничката серија. Претходно, Меси и соиграчите ќе отпатуваат за Лисабон за дуелот од второто коло во ЛШ против Спортинг на нашиот Стефан Ристовски.

Aday Benitez Own Goal HD – Girona 0-1 Barcelona… by lifeefoot

Gorka Iraizoz Own Goal HD – Girona 0-2… by lifeefoot

HD – Girona 0-3 Barcelona Luis Suarez Goal HD… by esprit-foot

Се вчитува...