Барселона нема да понуди повеќе од 100 милиони евра за Хулијан Алварез , објави „Мундо Депортиво“. Шпанскиот шампион верува дека ова е фер цена за аргентинскиот репрезентативец, кој е член на Атлетико Мадрид.
Каталонскиот клуб нема намера да ја зголеми оваа сума, но би можел да ја подобри понудата со дополнителни бонуси врз основа на титулите и перформансите на играчот.
Раководството на Барса не ја исклучува можноста да вклучи играчи од тимот во договорот ова лето. „Каталонците“ размислуваат да се разделат со Марк Касадо, Феран Торес или Роналд Араухо, под услов играчите да се согласат на евентуален трансфер во Атлетико Мадрид.
Алварез, 26, е во Атлетико во последните две сезони, а претходно играше за Манчестер Сити и Ривер Плата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
