Барса остана без Кутињо

Лионел Меси  се враќа во екипата на следниот дуел со Бетис, но Барселона во меѓувреме остана без нов стандарден првотимец откако Филипе Кутињо заработи повреда на дуелот со Интер во Лигата на шампионите.

Деталните прегледи покажаа кинење на мускул на левата нога, а лекарите препорачаа мирување од најмалку две до три седмици. Ова значи дека Кутињо ќе го пропушти претстојниот меч со Бетис, а речиси сигурно ќе отпадне од комбинација и за големото дерби со Атлетико Мадрид што е на програмата веднаш по репрезентативната пауза.

Камбекот на бразилскиот фудбалер во првиот тим на Барселона се очекува на 2 декември, кога каталонскиот гигант на „Камп ноу“ ќе го пречека Вилјареал.

Се вчитува...