Барса по три месеци повторно комплетна

Тренерот на Барселона, Чави, долго време се соочуваше со главоболки поради отсуства на важни првотимци, па викендов за првпат по три месеци пауза каталонскиот гигант ќе може да настапи комплетен на еден натпревар. Барса в сабота во 21 часот го пречекува Бетис, а одлична вест за каталонците е што во тимот за овој меч ќе се врати Усман Дембеле.

Францускиот крилен офанзивец се повреди на крајот ан месец јануари, првите прогнози велеа пауза од еден месец, но рехабилитацијата се искомпликува и тој дури сега доби зелено светло за камбек.

Во меѓувреме Чави остана и без Кристенсен, Педри и Де Јонг, но овие тројца првотимци се вратија во текот на последните две седмици, а сега со камбекот на Дембеле, тренерот на Барселона конечно ќе може без главоболки да дочека еден натпревар на својот тим.

Се вчитува...