Барса се разигра и конечно победи надвор од „Камп Ноу“

Барселона неочекувано лесно и убедливо триумфираше на гостувањето против Валјадолид со 0-3, покажувајќи знаци на живот за излез од резултатската криза. Каталонскиот гигант беше без триумф надвор од Барселона уште од 1 октомври, кога во Виго ја совлада Селта, но вечерва избраниците на Куман беа на висина на задачата, доминираа на теренот и заслужено стигнаа до победата.

Куман изненади со формација 3-5-2, ги остави на клупата Кутињо и Гризман, но овој експеримент се покажа како максимално успешен. Ленгле го отвори резултатот на асистенција на Меси, а на 0-2 зголеми Бреитвајт, кој ја оправда довербата за добиената шанса пред Гризман.

Конечните 0-3 ги постави Лионел Меси, кој вечерва влезе во историјата како стрелец на најмногу голови во дресот на еден тим, вкупно 644 како член на Барса, со што го урна досегашниот рекорд на Пеле.

Се вчитува...