Барса си поигрува со Реал: Трет, па веднаш и четврти гол во мрежата на Куртоа (ВИДЕО)

И покрај тоа што направи измени на полувремето Карло Анчелоти, и се обиде целосно да ја смени играта, Барселона и натаму доминира на теренот на „Сантијаго Бернабе“. Веднаш по стартот зицер шанса за Феран Торес и големо промашување на играчот на Барселона.

Меѓутоа веќе во следната акција истиот фудбалер многу прецизно шутираше во мрежата. Обамејанг одлично со петица го проигра својот соиграч кој трет пат ја тресе мрежата на Куртоа, за убедлива предност на Барса во Мадрид. Реал е во тотален шок. И додека беше така, Обамејанг постигна уште еден гол, кој најпрво беше поништен, но потоа преку ВАР беше признат.

Голот на Торес може да го погледнете ТУКА.

Голот на Обамејанг на следниот ЛИНК.

Се вчитува...