Барса со луда понуда – пет фудбалери за Лаутаро Мартинез

Лионел Меси го побара сонародникот Лаутаро Мартинез во Барселона, а челниците на каталонскиот гигант прават се што е во нивна моќ за да ја исполнат оваа желба на капитенот.

Сепак, Барса има проблем, за претстојниот преоден рок беше планирано и враќањето на Нејмар, а ако на ова се додаде и големата финансиска криза што ќе ги „удри“ сите клубови поради коронавирусот, јасно е зошто претседателот Бартомеу бара „план Б“ за да го осигура потписот на Мартинез. Аргентинецот има клаузула од 110 милиони евра, но сега каталонците ќе се обидат да дојдат до негов потпис без да платат ништо, нудејќи дури пет свои фудбалери во директна размена за Лаутаро.

Ракитиќ одби да влезе во комбинација бидејќи сака да се врати во Севилја, но затоа тука е Видал, кој веќе истакна дека со задоволство повторно би соработувал со Конте. Покрај него тука е и Бразилецот Артур, потоа десниот бек Семедо, дефанзивецот Тодибо и младиот плејмејкер Алења. Вкупната вредност на петмината на пазарот е над 100 милиони евра, воедно Барса со нивното заминување би отворила значаен простор во буџетот за плати.

Сепак, на потег е Интер, кој ќе треба да реши дали ќе прифаќа размена (за петмината или за дел од нив) или ќе инсистира на исплата на целата клаузула од 110 милиони евра.

Се вчитува...