Барса во финалето, Вардар против Ал Вехда за трето место на „Супер Глоуб 2019“

Барселона, сосема очекувано, се пласираше во финалето на Супер Глоуб 2019 откако во полуфиналната пресметка славеше убедливо со 34-24 против домашниот Ал Вехда.

Интересно, Ал Вехда имаше предност по првото полувреме од 13-16, но каталонскиот тим со фуриозна игра во второто полувреме кое го доби со 21-8 едноставно не дозволи апсолутно никакво изненадување на мечот.

Па, Барселона во финалето ќе се соочи со германски Кил, додека Ал Вехда во сабота во битката за третото место на турнирот ќе се соочи со македонскиот и европски шампион, Вардар.

Се вчитува...