Барса во шах-мат позиција: Лапорта и да сака не може да му врачи отказ на Куман

Барселона викендот конечно се врати на победите, успевајќи лесно да го совладат Леванте со 3-0, но бурата на реакции за нов тренер во Каталонија продолжиува. Сепак, навивачите и спортската јавност залудно се надева на такво сценарио.

Неофицијално, Барселона и да сака не може да му врачи отказ на Куман, иако е голема желбата Роберто Мартинез да биде негова замена. Причина за такво нешто е финансискиот фер-плеј и податокот дека треба плус да му дадат и парична отштета од десетина милиони евра на холандската легенда.

Поради финансискиот фер-плеј, Барселона го загуби Лионел Меси и молеше кај актуелните фудбалери да прифатат намалување на платата за да се доведе буџетот до 70 отсто од вкупните приходи, а претходно надминуваше 110 отсто. Но, поради прифатените правила во спогодбата со Ла Лига, тие имаат сега правило кое е наречено 25 отсто.

Според медиумите во Каталонија, помеѓу 12 и 14 милиони евра е отштетата што Куман би ја добил ако добие предвремен отказ.

Се вчитува...