Барсегјан: Никој од нас не очекуваше ваков убедлив триумф!

ЕКИПА во Ереван,

Никола Ѓуровски

Напаѓачот на Вардар, Тигран Барсегјан по убедливата победа од 4-0 на неговата Ерменија вели дека никој во неговата селекција не очекувал дека може да и приредат вакво нешто на Македонија.

„По оној пораз од Гибралтар навистина сите во репрезентацијата сакавме да експлодираме на овој меч со Македонија и носевме огромна енергија за тоа. Но, да бидам искрен никој од нас не очекувавме ваков убедлив триумф. Против Гибралтар не не сакаше топката, имавме 39 шута кон противничкиот гол но не успеавме да постигнеме погодок. Сега покажавме огромна желба и во таков случај нормално и среќата беше на наша страна. Одигравме феноменално. Интересно, и во минатото ни се има случено вакво нешто. Загубивме од Малта со 0-1, па веднаш потоа ја победивме Данска со 4-0“ – истакна по натпреварот Барсегјан.

Се вчитува...