Барсегјан: Забележав дека Пашовски е излезен и успеав да го лобувам

Тигран Барсегјан го постигна голот на сезоната во Првата лига, откако од огромна далечина, речиси од половина терен, го лобуваше голманот на Пелистер, Горан Пашовски, во вечното дерби, што „црвено-црните“ го добија со 3-1. Тој вели дека забележал како Пашовски е излезен, и одлучи да го лобува.

„Горд сум на себе за голот, и на мојот тим за триумфот на овој натпревар. Фудбалот е тимска игра и сите се заслужни за победата. Мило ми е што го постигнав тој убав гол. Целта ми беше да шутирам, го забележав голманот дека е излезен и во тој момент одлучив да пробам да го лобувам. Ете, ми успеа“, вели Барсегјан за официјалниот сајт на ФК Вардар.

Актуелниот шампион по 26.коло ја зголеми предноста на врвот на табелата во однос на Шкендија на 11 бода.

Фото: www.fkvardar.mk

Се вчитува...