Барселона пак гледа кон „Енфилд роуд“, ама не за Кутињо

Шпанскиот гигант Барселона повторно својот поглед го насочува кон „Енфилд роуд“, затоа што сака да го купува од редовите на Ливерпул. Но, овојпат „пикот“ не е Бразилецот Фелипе Кутињо, кој Барса го сакаше ова лето, но раководството на англискиот премиерлигаш побара неверојатни 200 милиони евра, туку Сенегалецот Садио Мане.

Тој ја почна сезоната во одлична форма во дресот на Ливерпул, но, за жал, заработи црвен картон против Манчестер сити, за грубиот старт над голманот Едерсон. Сепак, тренерот Ернесто Валверде гледа одлично засилување за крилните позиции. Тој е неверојатно брз, одличен асистент, но и реализатор.

Барселона изминатиов викенд го загуби и Осман Дембеле, крилниот напаѓач кој дојде од Борусија Дортмунд за сума од 105 милиони евра.

Се вчитува...