Барселона бесплатно го носи Гундоган

Германскиот репрезентативец Илкај Гундоган би можел летово да премине во Барселона и тоа без обештетување. Илкај Гундоган е еден од најсигурните играчи на Пеп Гвардиола. Одличниот играч од средниот ред е важна алка во играта на Манчестер Сити, но овојпат не му е понуден нов договор, а сегашниот му истекува во јуни.

Тоа беше сигнал до многу други европски гиганти да почнат да разговараат со 32-годишниот фудбалер. Шпанските медиуми пренесуваат дека Гундоган веќе разговарал со Барселона преку својот менаџер.

Гундоган е во Сити од 2016 година, во овој клуб пристигна од Дортмунд. Претходно настапуваше за германските екипи Хеслер, Шалке, Бор, Бохум и Нирнберг. За германската репрезентација одигра 66 натпревари на кои постигна 17 голови.

Се вчитува...