Барселона нема да може да смета на услугите на Роберт Левандовски во следните три прволигашки натпревари во Шпанија откако Спортскиот суд во Мадрид ја одби жалбата за намалување на казната на полскиот фудбалер поради црвениот картон против Осасуна на 8. ноември.
Шпанскиот стратег Чави ќе мора да најде друго решение за натпреварите против Еспањол, Атлетико Мадрид и Гетафе, но добри вест за каталонците е тоа што тој ќе биде достапен за Купот на Шпанија и Суперкупот.
Barcelona's appeal for Lewandowski's ban has been rejected. The player will miss the games against Espanyol, Atletico Madrid, and Getafe. pic.twitter.com/18f4jfeLBK
— Barça Universal (@BarcaUniversal) December 24, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА