Барселона без апсолутни никакви проблеми успеа да дојде до триумфот над Осасуна пред своите навивачи во 28. коло од Ла Лига.
Каталонците победија со 4-0 во меч во кој во првите 20 минути доминираше Торес со два погодоци, во 14. и во 21. минута за водство од 2-0.
Во 27. минута веќе беше 3-0 со погодокот на Обамејанг.
Во вториот дел и Пуџ, после две минути откако влезе во игра, се запиша во листата на стрелците за конечни 4-0. Барса сега е на пет бода од второпласираната Севилја, која има и натпревар повеќе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА