Барселона дава 70 милиони евра и двајца играчи за Лаутаро Мартинез

Барселона сака да го купи Лаутаро Мартинез од Интер кој треба да биде замена за Луис Суарез и како долгорочно решение во нападот. Првата понуда која би ја дала Барселона би била 70 милиони евра плус Артуро видал и Нелсон Семедо. Откупната клузула за Мартинез е 111 милиони евра, сума која каталонскиот клуб не би ја активирал. Вредноста на Видал е 20 милиони евра, на Семедо 40 милиони, па вкупно евентуалниот трансфер вака би чинел 130 милиони евра.

Можноста за откуп на младиот напаѓач на Интер треба да биде отворена во првите две недели од преодниот рок. Барселона му нуди и 7 милиони евра годишно на Мартинез како опција со која би била прв кандидат за негов потпис и не би дозволила воопшто трка со Реал Мадрид кој исто така е заинтересиран за него. Интерес има и од Пари Сен Жермен.

 

Се вчитува...