Барселона донесе 17-годишен Турчин – откупната клаузула 400 милиони евра!?

Барселона доведе во своите редови 17-годишно момче, турскиот фудбалер Емре Демир.

Младиот фудбалер од средниот ред во каталонскиот тим доаѓа од Кајзериспор во трансфер вреден два милиони евра.

Демир со Каталонците потпиша шестгодишен договор, од кој тоа што посебно привлекува внимание е откупната клаузула која изнесува астрономски 400 милиони евра.

Турскиот фудбалер оваа сезона ќе го мине во тимот на Барселона Б.

Се вчитува...